Пожар
Со часови трае борбата со огнената стихија во Тетово
30.05.2022 17:58
Голем пожар во магацин за градежен материјал и стиропор во кругот на поранешна „Македонија табак“ во Тетово. Пламените јазици ги зафатија и другите објекти. Пожарникари хоспитализирани поради вдишување гасови. Повик до граѓаните да останат дома...

Голем пожар утрово изби во магацин за градежен материјал и стиропор во Тетово, во кругот на некогашна „Македонија табак“. Зафатени и други делови на комплексот. Со часови трае борбата со огнената стихија, на помош беа испратени екипи од други градови. Неколку пожарникари се хоспитализирани поради вдишување гасови. Премиерот Ковачевски го информирал градоначалникот Касами дека сите институции се ставени на располагање за справување со ситуацијата.
Зоран Димовски известува од Тетово за МРТ
