Вонреден лидерски самит на ЕУ
Иднината на европската одбрана, војната во Украина и шестиот пакет санкции врз Русија - главни теми на вонредниот лидерски самит на ЕУ. На боиштата, жестоки битка. Русите ја продолжуваат офанзивата до Добас...

Иднината на европската одбрана, војната во Украина и шестиот пакет санкции врз Русија - главни теми на вонредниот лидерски самит на ЕУ. Унгарија и уште неколку други земји се против воведување забрана за увоз на горивото.
„Имаме една тема што е сè уште отворена. Тоа е шестиот пакет санкции. Работевме многу напорно и успешно со пет пакети санкции. Никогаш не било лесно. Моите очекувања се мали дека ќе се реши во следните 48 часа, но убедена сум дека потоа ќе има можност. Генерално, мојот повик е многу јасен до сите земји-членки. Имаме еден клуч за успех, а тоа е солидарноста со украина и единството на Европската унија“, вели Урсула Фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
„Се наоѓаме во тешка ситуацијата поради неодговорното однесување на комисијата. Енергијата е сериозна тема, ова не е детска игра, ова е сериозно, прво треба да видиме решение, а потоа санкции“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
На боиштата, жестоки битка. Русите ја продолжуваат офанзивата до Добас.
„Оперативно-тактичката и воената авијација погодија три силни позиции и 67 области со украински војници и опрема. Нападите уништија 320 националисти и 47 оружја и парчиња воена опрема“, вели Игор Конашенков, портпарол на руското МО.
Северодоњецк остана без клучната инфраструктура. „Руските операции уништија 90% од зградите“ – тврди Киев.
„Дојдов, разбрав што се случува и го отпуштив шефот на службата за безбедност на Украина на регионот Харков бидејќи од старт не работеше на одбраната на градот и мислеше само за себе. Кои му биле мотивите? Полицијата води истрага за тоа. Една третина од Харков е поробена. Сигурно ќе ја ослободиме целата територија и секој треба да работи за овој резултат и на локално и на државно ниво“, нагласи Зеленски.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган најави нов телефонски разговор со лидерите на завојуваните земји.
Чешка и Словачка, се зависни од нафтоводот кој пренесува руска нафта преку Украина. Тие бараат и финансиска помош пред да прекинат да користат руска нафта.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел смета дека конфликтот во Украина веројатно ќе трае долго, но на крајот ќе заврши со мировни преговори меѓу Киев и Москва.
Марина Ристова
