ЕИБ отвори претставништво во Скопје
Европската инвестициска банка отвори канцеларија во Скопје. Ова треба да донесе посилна финансиска поддршка земјава...

Европската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, денес официјално го инаугурираше своето претставништво во Скопје во склоп на просториите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Со овој чекор, банката на ЕУ ја потврдува својата поддршка за одржлив раст и зелена транзиција на земјата. Новото назначено локално присуство ќе ја засили техничката и финансиската поддршка за приватните и јавните инвестиции во земјата.
Отворањето на претставништвото на ЕИБ во Скопје е согласно политиката на ЕИБ за воспоставување присуство во повеќе земји надвор од ЕУ. Ова достигнување ќе ѝ помогне на банката на ЕУ подобро да ги разбере регионалните потреби за финансирање, да идентификува повеќе нови проекти и да воспостави потесни врски со државните органи и други акционери.
До денес, воспоставените канцеларии на ЕИБ во 23 земји-членки на ЕУ и во 30 земји надвор од ЕУ го унапредуваат дијалогот за бизнис и политика.
На церемонијата за отворање, на премиерот Димитар Ковачевски и потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова им се придружија министерот за финансии Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и други високи претставници на бизнис и банкарската заедница и меѓународни финансиски партнери.
