Пожарот во Тетово е локализиран
Ставeн под контрола и локализиран е големиот пожар што утрово изби во магацин за градежен материјал и стиропор во Тетово, во кругот на некогашна „Македонија табак“, иако сè уште има многу чад...

Ставeн под контрола и локализиран е големиот пожар што утрово изби во магацин за градежен материјал и стиропор во Тетово, во кругот на некогашна „Македонија табак“, иако сè уште има многу чад. Со часови се водеше борба со огнената стихија. Напомош беа испратени екипи од други градови, а интервенираа и хеликоптери. Неколку пожарникари се хоспитализирани поради вдишување гасови, еден е повреден. Премиерот Ковачевски го информирал градоначалникот Касами дека сите институции се на располагање за справување со ситуацијата.
Зоран Димовски од Тетово известува за големиот пожар.
