МВР

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

30.05.2022 20:22

При претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.

Денеска од страна на полициски службеници  од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена теговија со дрога и оружје  при СВР Скопје лишен е од слобода Д.Д.(32) од Делчево. При претрес извршен со  наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.

Лицето е приведено во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, сооптшуваат од МВР.