172 сообраќајни прекршоци во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопштуваат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
