Свет
Трудо најави забрана за поседување и купување оружје
31.05.2022 09:32
Забраната за поседување и купување на оружје уследи по минатонеделното убиство на 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас во САД...

Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави нов закон за поседување оружје и забрана за купување на оружје.
Забраната за поседување и купување на оружје уследи по минатонеделното убиство на 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас во САД.
„Денот кога овој закон ќе стапи во сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада“, истакна Трудо.
Канада веќе има значително поригорозни ограничувања за поседување оружје од САД.
