Европска Унија

Делумно ембарго на руската нафта

31.05.2022 09:51

„За Русија да ја почувствува цената за она што го прави против Украина и цела Европа, и за конечно да станете независни од руското енергетско. Европа треба да покаже сила бидејќи Русија ја гледа силата само како аргумент“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина...

Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Ембаргото ја покрива само руската нафта која е транспортирана по море, дозволувајќи привремено ослободување за увозот испорачан со гасоводот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека нивниот шести пакет санкции мора да биде договорен и мора да вклучува нафта и ги повика лидерите на ЕУ да покажат сила додека работат на усвојување на новите санкции.

„За Русија да ја почувствува цената за она што го прави против Украина и цела Европа, и за конечно да станете независни од руското енергетско. Европа треба да покаже сила бидејќи Русија ја гледа силата само како аргумент“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.