Откажан референдумот за приклучување кон Русија
Провинцијата јужна Осетија, со само 50.000 жители, се отцепи од Грузија во почетокот на 1990-тите во крвавата граѓанска војна. Во 2008 година, по кратката војна против Грузија, Русија ја призна независноста на јужна Осетија и Абхазија...

Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија. Референдумот го свика поранешниот покраински водач Анатолиј Бибилов, за кој многумина веруваат дека тоа го направил за да си осигури реизбор.
Провинцијата јужна Осетија, со само 50.000 жители, се отцепи од Грузија во почетокот на 1990-тите во крвавата граѓанска војна. Во 2008 година, по кратката војна против Грузија, Русија ја призна независноста на јужна Осетија и Абхазија.
Двете покраини зависат од Русија политички, финансиски, економски и воено.
