Дипломатија
Османи во Вашингтон за Сратешкиот дијалог Северна Македонија – САД
31.05.2022 10:37
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД.
Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи ќе оствари и бројни билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк организации.
