Свет

30 кинески авиони влегоа во воздушниот простор на Тајван

31.05.2022 11:39

Ова е најголемиот упад од 23-ti јануари кога 39 авиони влегоа во таканаречената „зона за идентификација“ на воздушната одбрана (АДИЗ) на тој остров. Министерството за одбрана на Тајван во понеделникот вечерта соопшти дека ја подигнало својата авијација и активирало ракетен систем за воздушна одбрана за следење на кинеските активности поради упадот на кинеските авиони...

Триесет авиони на кинеското воено воздухопловство од кои 20 ловци навлегле во зоната на тајванската противвоздушна одбрана, соопштија тајванските власти.

Ова е најголемиот упад од 23-ti јануари кога 39 авиони влегоа во таканаречената „зона за идентификација“ на воздушната одбрана (АДИЗ) на тој остров.

Министерството за одбрана на Тајван во понеделникот вечерта соопшти дека ја подигнало својата авијација и активирало ракетен систем за воздушна одбрана за следење на кинеските активности поради упадот на кинеските авиони.

Пекинг започна со упади во зоната за воздушна одбрана на Тајван во последниве години за да покаже незадоволство од Тајпеј и неговата политика на зајакнување на независноста и да го задржи притисокот врз неговата застарена авијација.

Тајван живее под постојана закана од кинеска инвазија. Пекинг ја смета територијата за своја и вети дека ќе ја врати, доколку е потребно и со сила.