Воен конфликт

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка

31.05.2022 12:27

Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Во Севернодоњецк се вршат артилериски и авионски бомбардирања. Руското министерство за одбрана соопшти дека руските војници пронашле возило со тела во фабриката за челик „Азовстал“...

Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Рече дека ситуацијата останува исклучително тешка. Истакна и дека руските трупи го гранатирале Харков и регионот суми …

„Окупаторите во регионот Луганск ја прекинаа евакуацијата од борбената зона со гранатирање на возилото што возеше за да ги собере локалните жители. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка. Руската армија се обидува да собере огромни сили за да изврши поголем притисок врз нашите бранители“изјави Володимир Зеленскипретседател на Украина.

Украинскиот град Севернодоњецк во Луганската област изутрината бил жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива. Се вршат артилериски и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Русија тврди дека контролира третина од градот, но признава дека нападот трае подолго од очекувањата.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руските војници пронашле возило со тела на 152 борци во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

„За време на инспекција на подземните објекти на фабриката „Азовстал“ во Мариуполкаде што се криеле предадените нацисти од украинската формација „Азов“, руските војници пронајдоа изолирано возило. Потсетувам дека пред да се предаде, раководството на „Азов“ јавно апелираше до Зеленски да ги однесе телата на загинатите. За да можат нивните семејства да ги закопаат на територијата што ја контролира КиевСепак, немаше барања од Киев да ги примат телата на загинатите од фабриката „Азовстал“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана го опиша како провокација, за да се обвини руската страна.

Марина Ристова