„Росијскаја газета“: Путин со писмо ги предупреди европските лидери дека може да го сопре рускиот гас

11.04.2014 11:35

Во писмото до европските лидери Путин нагласува дека Украина и должи на Русија 17 милијарди долари, бидејќи повеќе не важат одредени отстапки, како и 18,4 милијарди долари, кои Киев треба да ги плати на име санкции за некористење на мининалното годишно количество гас, согласно договорот од 2009 година...

Осумнаесет европски лидери добија писмо од рускиот претседател Владимир Путин, со кое тој ја предупредува Европа дека може да дојде до стопирање на дистрибуцијата на руски гас за европските земји, доколку Украина не и го исплати на Русија долгот за енергенсот, пишува „Росијскаја газета“.

Според весникот, писмото било адресирано до лидерите на Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Романија, Полска, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.

Во писмото до европските лидери Путин нагласува дека Украина и должи на Русија 17 милијарди долари, бидејќи повеќе не важат одредени отстапки, како и 18,4 милијарди долари, кои Киев треба да ги плати на име санкции за некористење на мининалното годишно количество гас, согласно договорот од 2009 година.

Путин нагласува дека на тој начин Русија изминатите четири години ја субвенционирала украинската економија на сметка на намалување на центата на гасот. Освен тоа во декември минатата година Русија и достави на Украина кредит во износ од три милијарди американски долари.

Рускиот претседател ги повика Русија и европските корисници на руски гас да ги разгледаат прашањата содржани во писмото.