Уште денес „замрзнати“ цени
Основните прехранбени продукти уште денес се продаваат без ДДВ. Од утре ќе се пресметува ДДВ-то од 5 насто како пред антикризните мерки. Како реагираат граѓаните? Им остана прашањето: За колку ќе поскапи храната? Главно велат – нема потреба од паника. Тоа е реалноста..

Граѓаните ги подиспразнија рафтовите во маркетите, трговците ги наполнија. Остана прашањето: За колку ќе се зголемат цените на основните прехранбени продукти? Ваква беше ситуацијата на последниот ден со замрзнати цени.
Граѓаните, главно, велат – нема потреба од паника. Тоа е реалноста.
Некои и со свој предлог како да се штити стандардот.
Од Министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, зашто би можело негативно да влијае на работата на компаниите.
Елизабета Митреска
