Економски форум

Пендаровски: Потребно е да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи

31.05.2022 15:00

Ако сакаме одржлив напредок, треба да го преформулираме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција не е само да опстанеме, туку и да напредуваме-истакна претседателот Пендаровски во рамки на Скопскиот финансиски форум. Во фокусот и енергетиката...

Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи порача на Економскиот форум претседателот Пендаровски. Смета, за одржлив напредок треба да се мисли на нов модел на економски развој. Шефот на државата ја претстави платформата „МКД 2030“, за која вели е натпартиски национален консензус. Документот содржи 4 приоритети кои според Пендаровски доколку се исполнат не само што ќе се преброди турбулентниот период туку и ќе се создаде одржлив раст и во услови на неизвесност.

Неодминлива тема и енергетската криза. Државата треба да ги заборави златните времиња во енергетиката, смета претседателот на регулаторна Бислимовски кој рече дека земјава има реални проблеми со домашното производство на струја поради 30 годишно неинвестирање. За амбасадорот Гир енергетиката е единствениот одговор за намалување на енергетската зависност.

На последниот ден од Скопскиот економски и финансиски форум дебата и за енергијата, зелената транзицијата и инфраструктурата.

Викторија Милевска