Куркума-Индијски шафран
Ова растение посебен третман има во Ајурведската медицина во препаратите за лечење на дијабетис, болести на дишните патишта, крв и крвните садови, разни кожни заболувања. Куркумата претставува богат извор на железо,магнезиум,цинк,манган,витамин Б6,витамин Ц,витамин Е,диетални влакна. Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основниот состав на растението.

Ова растение посебен третман има во Ајурведската медицина во препаратите за лечење на дијабетис, болести на дишните патишта, крв и крвните садови, разни кожни заболувања. Куркумата претставува богат извор на железо,магнезиум,цинк,манган,витамин Б6,витамин Ц,витамин Е,диетални влакна. Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основниот состав на растението. Луто-горкиот вкус на растението ги уништува бактериите и паразитите, наслагите на слуз, мастите, лепливите токсини, го поттикнува крвотокот и комплетниот метаболизам, одлично средство против труење, треска, воспаленија и разни болести на крвта и кожата. Индиската медицина ја третира куркумата како еден од најмоќните природни лекови а научните истражувања ја потврдуваат дека е вистинско чудо во лечењето на разни сериозни здравствени проблеми како што се ракот, Алцхајмеровата болест,мултиплекс склероза,леукемија. Едно од најзначајните својства на куркумата е нејзиното антиканцерогено дејство поради нејзините антиоксидативни,антивоспалителни и имуностимулирачки својства.Куркумата го намалува ризикот о настанување на леукемија, ги обновува мозочните клетки,поволно влијае на работата на штитната жлезда, го регулира метаболизмот, ги смирува воспалителните процеси и го поттикнува губењето на масните наслаги при слабеење,го прочистува црниот дроб,претставува природен лек против артритис и реума,ја регенерира кожата,помага во лечење псоријаза. Во кинеската медицина куркумата се користи за лечење на депресија а во бразилската народна медицина за запирање на крварења и како моќен противотров при каснување од змија отровница. Хавајските жители ја употребуваат како сок кој се става во уши за отстранување на болката и во нос против воспаление на синусите. Куркумата исто така се користи како зачин во храната за спречување на подуеност и гасови.Нутритивна вредност во 100гр мелена куркума:
-енергетска вредност 354 kcal
-јаглехидрати 64.9 гр.
-протеини 7.83 гр.
-масти 9.88 гр
-диетални влакна 52.5 гр
Витамин Б3 5.14 мг,витамин Б6 1.8 мг,витамин Ц 25.9 мг,витамин Е 3.1 мг,железо 41.42 мг,манган 7.83 мг,калциум 183 мг,магнезиум 193 мг,цинк 4.35 мг,фосфор 268 мг.
