Редици на бензинските по најавата за драстичен раст на цените на горивата
Одмрзнувањето на акцизите си го стори своето. Регулаторна за 10 насто ги зголеми цените на горивата, 95-ката е 104 денари, 97-ката 106,5, дизелот 95 денари. Маслото за горење е 93 денари за литар. Утре се зголемуваат и цените на основните продукти, се враќа процентот на данокот на додадена вредност…

Долги редици, нервозни возачи-ова е сликата на бензинските станици. Поголемото поскапување на бензинот ги затекна неподготвени на крајот на месецот, сепак како што велат резервоарите на автомобилите целосно ќе ги наполнат.
Цената на горивата драстично поскапува. Бензинот надминува над 100 денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, во зависност од видот на горивото цената поскапува за 9 до 10 денари од литар. Малопродажната цена на Еуросупер 95 од полноќ ќе изнесува 104 денари, додека 98-та, 106,50 денари. Дизелот ќе се продава по 95 денари, а маслото за горење ќе чини 93 денари за литар.
Драстичното поскапување доаѓа откако Владата не ги продолжи антикризните мерки со кои беше намалена цената на горивата. Во исто време, истекуваат и другите мерки околу цените на храната.
Марина Стојанова-Тонева
