Гоф и Тревизан се први полуфиналистки на Ролан Гарос
Американската тинејџерка Кори Гоф и Италијанката Мартина Тревизан се првите полуфиналистки на францускиот тениски грен-слем, Ролан Гарос. Гоф, која има само 18 годин и е 18. носителка на турнирот, со 7-5, 6-2 ја надигра својата повозрасна сонародничка, Слоун Стивенс...

Американската тинејџерка Кори Гоф и Италијанката Мартина Тревизан се првите полуфиналистки на францускиот тениски грен-слем, Ролан Гарос. Гоф, која има само 18 годин и е 18. носителка на турнирот, со 7-5, 6-2 ја надигра својата повозрасна сонародничка, Слоун Стивенс.
Тревизан, пак, го потврди правилото дека на Ролан Гарос нема правила и со 6-2, 6-7, 6-3 ја елиминира 17. фаворитка, Лејла Ани Фернандез од Канада, пласирајќи се првпат во полуфиналето на еден грен-слен. Таму ќе се судрат со Гоф, а за второто полуфинале утре ќе се борат Швјонтек со Пегула, Кудерметова против Касаткина.
Кај мажите штотуку почна четвртфиналната програма, во чиј центар е вечерашниот спектакл меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
