Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија
Во меѓувреме, руските нуклеарни сили одржуваат вежби во провинцијата Иваново, североисточно од Москва, објавија извори повикувајќи се на руското Министерство за одбрана...

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенаменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската федерација и не се бориме за нивната територија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет.
Во меѓувреме, руските нуклеарни сили одржуваат вежби во провинцијата Иваново, североисточно од Москва, објавија извори повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
