МВР спречи два обиди за злоупотреба на безвизниот режим
Во текот на 2013 година регистрирани се 13 кривични дела кои се однеуваат на злоупотреба на безвизниот режим...

Полицијата синоќа уапсила две групи на македонски мигранти кои сакале да го злоупотребат безвизниот режим. Во првиот случај приведени се четири лица кои за надомест од 300 евра организирале транспорт на мигрантите. Во вториот случај уапсен е битолчанец кој за сума од 1.850 евра се обидел шестмина мигранти да транспортира за Германија.
„Во првите три месеци од 2014 година регистрирано е едно дело за „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор“ за кое се пријавени тројца сторители, додека во текот на 2013 година регистрирани се 13 кривични дела кои се однеуваат на злоупотреба на безвизниот режим, а пријавени се вкупно 19 сторители“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на денешната прес конференција.
