Свет
Петреус: Можно е над 20.000 руски војници да се убиени во Украина
01.06.2022 09:52
Според него, е многу повеќе од загубата во деветте години во Авганистан. На 25 март, русите тврдат дека загубиле околу 1.350 војници...

Можно е над 20.000 руски војници да се убиени за време на конфликтот во Украина, изјави пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус.
Тоа, според него, е многу повеќе од загубата во деветте години во Авганистан. На 25 март, русите тврдат дека загубиле околу 1.350 војници.
Се наближува стотиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, а Петреус во разговор за Би-Би-Си појасни оти не е изненаден што Украина успева да ги одврати руските сили.
