Турција
Протести во Истанбул: „Ердоган ќе си замине“
01.06.2022 09:54
Околу илјада луѓе во близина на плоштадот Таксим носеа слики од осудените на затворски казни, а толпата што се упати кон плоштадот беше блокирана од полицијата која носеше штитови и фрлаше солзавец...

Турската полиција се судри со демонстрантите во близина на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, по повод годишнината од антивладините демонстрации пред девет години и приведе 170 лица.
Околу илјада луѓе во близина на плоштадот Таксим носеа слики од осудените на затворски казни, а толпата што се упати кон плоштадот беше блокирана од полицијата која носеше штитови и фрлаше солзавец.
