Голем интерес на учениците за упис во средните училишта во земјава
Стручното образование во последно време ја добива вистинската вредност, особено со вклучувањето на учењето преку работа каде покрај теоријата, важна улога има и практиката. Уписите во средните училишта во новата учебна 2022-23 ќе се вршат на 14-ти и 15-ти јуни...

Голем интерес на учениците за упис во средните училишта во земјава. На две недели пред запишувањето, учениците ги „преплавија“ средните училишта за да се запознаат со насоките што ги нудат.
Лани имаше 50 или 60, додека годинава имаме три пати повеќе двојни паралелки од пред две години. Четирикратно се зголемени и договорите на компаниите кои се поврзани со средните стручни училишта, велат од Образование.
Стручното образование во последно време ја добива вистинската вредност, особено со вклучувањето на учењето преку работа каде покрај теоријата, важна улога има и практиката. Уписите во средните училишта во новата учебна 2022-23 ќе се вршат на 14-ти и 15-ти јуни.
Годинава за првпат пријавувањето ќе се врши онлајн преку линкот e-uslugi.mon.gov.mk.
