Данска на референдум ќе ја преоценува својата безбедносна политика
Данците денеска на референдум ќе се изјаснуваат за укинување на 30-годишното изземање од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ. Данска е единствената членка на ЕУ што има вакво изземање, но како и нејзините соседи, Шведска и Финска, ја преоценува својата безбедносна политика откако Русија ја почна војната против Украина...

Данците денеска на референдум ќе се изјаснуваат за укинување на 30-годишното изземање од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ.
Данска е единствената членка на ЕУ што има вакво изземање, но како и нејзините соседи, Шведска и Финска, ја преоценува својата безбедносна политика откако Русија ја почна војната против Украина.
Според извештаите, анкетите на јавното мислење покажуваат дека Данците поддржуваат поблиски европски одбранбени врски, а резултатот може да влијае на нивната воена иднина, иако земјата е веќе дел од одбранбената алијанса на НАТО.
Данските лидери тврдат дека регионалната безбедносна ситуација е променета и дека тоа е покана за Данска да соработува поблиску со ЕУ за одбранбените прашања.
