Народен правобранител: Бесплатна линија за пријава на повреда на избирачкото право

11.04.2014 12:51

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела, 13 април на денот на одржување на првиот круг на изборите  за  Претседател на Република Македонија,  во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  следниве телефонски броеви:  Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Од канцеларијата на Народниот правобранител, велат дека правата на граѓаните ќе ги штитат со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.