Нема најави за прекин на воените дејствија
САД испраќаат моќни ракетни системи во Украина. Официјална Москва потегот го нарече екстремно негативен. Се закани дека тоа ќе го зголеми ризикот од директен конфликт. Зеленски изјави дека нема намера да ја напаѓа Русија...

САД ќе и испорача на Украина напредни ракетни системи кои можат со прецизност да гаѓаат цели до 70 километри. Се очекува да бидат распоредени во регионот на Донбас, каде што се водат најжестоките битки со руските сили. Ракетните системи се дел од новата транша од 700 милиони долари од безбедносната помош за Украина од сад. Бајден тврди дека Вашингтон нема да испрати ракетни системи со кои може да се нападне Русија.
Ракетните системи се дел од новата транша од 700 милиони долари од безбедносната помош за Украина од САД.
Бајден тврди дека Вашингтон нема да испратат ракетни системи што можат да нападнат во Русија.
Москва негативно го оцени новиот пакет американска воена помош за Украина. Рускиот заменик министер за надворешни работи, Рјабков, изјави дека се несоодветни обидите на Вашингтон да покаже дека испораката на таквото оружје содржи елементи на само самоограничување за Киев.
Зеленски е дециден, Украина не е подготвена да отстапи ниту дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет. Истовремено, изјави дека Киев не планира да ја нападне територијата на Русија.
„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа, вели дека би можеле да ги искористиме американските повеќенаменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската федерација и не се бориме за нивната територија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Вашингтон останува загрижен поради руските обиди да ја институционализира својата контрола врз украинската територија што ја зазеде, вклучително и градот Керсон.
„Загрижени сме за чекорите што Русија ги презема во обидот да ја институционализира контролата врз украинска територија, особено во украинскиот регион Керсон. Продолжуваме да алармираме, особено по едностраната уредба на рускиот претседател Путин, со која брзо се следи издавањето руски пасоши на украинските граѓани“, изјави Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент.
Во меѓувреме, руските нуклеарни сили одржуваат вежби во провинцијата Иваново, североисточно од Москва, објавија извори повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Марина Ристова
