Трагедија во Калифорнија: 9 лица изгореа во пожар по сообраќајна несреќа

11.04.2014 13:28

Во огромен пожар и експлозија по судир на автопат во Калифорнија загинаа 9 лица. Во сообраќајката со фатални последици учестувале училиштен автобус и транспортно комбе. Автобусот е целосно изгорен...

Трагедија во Орландо, Северна Калифорнија. Седум ученици, возач на камион и автобус изгореа во пожарот по сударот на камион кој пренесувал брза пошта на „Федекс“ и училишен автобус.

Притоа 34 се потешко и полесно повредении хоспитализирани.  Некои од децата успеале да се спасат со скокање прекуискршените прозоци, пред да почне пожарот иексплозијата.

Сведоците велат дека сликата била страотна. Облаци од црн чад се издигале над автопатот, кој  неколку часа бил затворен за сообраќај.

Според полициски извори до несреќата дошло откако автобусот во кој се превезувале ученици од Лос Анџелес, а оделе во посета на Универзитетот Хамболт, се судрил со камионот којшто преминал на спротивната страна од коловозот  по што двете возила веднаш се запалиле.

Во сообраќајката бил вмешан и автомобил, чиј возач е во критична состојба.