Жена фрли чевел врз Хилари Клинтон
Американската политичарка Хилари Клинтон доживеала непријатно изненадување во еден хотел во Лас Вегас каде што одржувала говор, кога една жена од публиката фрлила чевел кон неа. Поранешната државна секретарка и можна идна кандидатка за претседател на САД успеала да го го избегне неочекуваниот проектил, по што се пошегувала на таа сметка.

„Не знаев дека управувањето со цврст отпад може да биде толку контроверзно. Фала му на Бога што не играла софтбол како мене“. -Хилари Клинтон, американска политичарка
Демонстрантката не била акредитирана и била забележана пред инцидентот, а потоа била притворена.