Обвинение против три лица за злоупотреба на европски пари
Првообвинета е поранешната директорка на Националната агенција за европски и образовни програми, која ја вршеше функцијата од 2018 до 2020 година, и која, како што велат од Обвинителството, без да објави оглас им овозможила повластувања на повеќе надворешни лица, ангажирани како соработници, експерти и обучувачи...

Подигнато обвинение против тројца за злоупотреба на европски пари. Првообвинета е поранешната директорка на Националната агенција за европски и образовни програми, која ја вршеше функцијата од 2018 до 2020 година, и која, како што велат од Обвинителството, без да објави оглас им овозможила повластувања на повеќе надворешни лица, ангажирани како соработници, експерти и обучувачи. Исто така, таа не објавила оглас за јавни набавки, туку склучувала директни договори.
Второобвинет е надворешен соработник кој со факсимил од првообвинетата изготвувал обрасци „каса исплати“ и покажувал невистинити податоци, а третата била благајник. Обвинителството ги товари дека предизвикале финансиска штета од околу 320.000 евра.
