Финансии

Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан“

01.06.2022 16:26

Каматната стапка изнесува 2,9 % во првите 3 години и 3,9% во четвртата и петтата година ако се субвенционира месечната рата, а кај моделот за субвенционирање на учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата, плус 6-месечен Еурибор.

Граѓаните од денеска можат да аплицираат за субвенциониран кредит од проектот „Купи куќа, купи стан“, информира Министерството за финансии. Објавен е јавен повик, граѓаните можат да поднесат барање до 31-ви август.  

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50 илјади евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и може да достигне и до 20 илјади евра. Има шест различни модели коишто нудат различни погодности. Каматната стапка изнесува 2,9 % во првите 3 години и 3,9% во четвртата и петтата година ако се субвенционира месечната рата, а кај моделот за субвенционирање на учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата, плус 6-месечен Еурибор.

Проектот се реализира 10 години. Досега се одобрени над 2 илјади барања и се одобрени субвенции од над 18 милиони евра.