По Франкфурт и Хамбург мафија

21.11.2013 20:11

Разбиена криминална група наречена Хамбург Мафија

Разбиена криминална група наречена Хамбург Мафија која фалсификувала лични документи. Дејствувала  во Македонија и во Германија.. Уапсени  се неколкумина. Полицијата ја претресуваше туристичката агенција  ,,ЕФ БИ АЈ ,, во Старата скопска чаршија. И нејзиниот сопстевник е е меѓу приведените.. Од овде се испраќале фалсификуваните документи во Хамбург. Најбарани биле бугарски, белгиски, грчки, словенечки и италијански пасоши кои што се изработувале во земјава..

-Групата изработувала на барање на заинтересирани лица кој се наоѓале на територијата на Германија и тоа гин чинело заинтересираните лица од 800 до 1500 евра. На разни начини биле испрачани до нарачателите во Германија , а потоа во Македонија оттаму биле испраќани пари за фалсификаторите кои се македонски државјани и живеат во Република Македонија, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР Иво Котевски. 

Акцијата е истовремено спроведена во двете држави. Уапсените ќе одговараат за злосторничко здружување и за фалсификување исправи .Според двете полиции, криминалната група работела подолго време. Германската полиција, иако  апсела нејзини членови, тие постојано се реорганизирале.

Автор: Наташа Гркова Петрушевска