25 килограми марихуана фатени на Табановце
Марихуаната била произведена во Скадар, Албанија. Вредноста и се проценува на 50 илјади евра...

На граничниот премин Табановце македонската царина заплени 25 килограми марихуана. Била произведена во Скадар, Албанија. Вредноста и се проценува на 50 илјади евра.
Вчера попладнето на Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило марка Цитроен C-3 со албански регистарски ознаки, управувано од сега осомничениот С.Г. – албански државјанин.
За време на контролата царинските инспектори од Одделението за оперативни работи - мобилни тимови, во предната десна врата под тапацирот забележале едно пакување облепено со проѕирен селотејп наполнето со непозната зеленкаста материја со карактеристичен мирис. При извршена контрола на целото возило, во сите четири врати во фабричките шуплини и во специјално направени бункери на предниот и задниот браник пронајдени се вкупно 30 со тежина од околу 23 килограми. Случајот е предаден на инспектори од Одделението за истраг. Од Царината соопштуваат дека вредноста на наркотичната дрога на накро пазарот во западно европските земји може да достиге и до 40.000 евра.
Од Царината информираат дека еден ден претходно, исто така на Табановце, во автобус со македонски регистарски таблички кој патувал на релацијата Струга – Берн, во внатрешниот дел од автобусот во просторот наменет за личниот багаж, царинските службеници откриле околу 2 килограми марихуана.
По спроведените предистражни мерки за откривање на сторителите, царинските инспектори од Одделението за истраги утврдилеа дека лицето С.А. (26) од с. Студеничани ја купил марихуаната пред 10-тина дена и истата ја спакувал во четири кутии од колачи, со намера дрогата да ја прошверцува во Австрија.
И во двата случаи, Царинската управа поднесе кривична пријава против сторителотите, за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Основно јавно обвинителство.
