Култура

„Современа скулптура“ – изложба на ДЛУМ

01.06.2022 18:10

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и ќе биде отворена за љубителите на уметноста се до 10 јуни.

Вечерва во Уметничкиот центар „Арт Хаб“, ГТЦ 2 кат, во Скопје со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и ќе биде отворена за љубителите на уметноста се до 10 јуни.

На изложбата ќе бидат претставени дела од 12 уметници: Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Филиповски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан Милошевски, а како покровител на наградата „Боро Митриќевски“, поставено е и дело на еден од доајените на современата скулптура, Боро Митриќевски.

Секоја година семејството Митриќевски доделува награда за најдобра скулптура, а оваа година наградата ја доби Ангел Димовски Чауш за делото со наслов „Танчарката на Дионис VII“.