Свет
Шолц: Турција да се воздржи од провокации кон Грција
01.06.2022 18:14
Изјавата следи откако претседателот Ердоган изјави дека Анкара повеќе нема да води разговори на високо ниво со Атина.

Турција да се воздржи од провокации кон Грција, порача германскиот канцелар Олаф Шолц. Поради актуелната ситуација, неопходно е сите сојузници на НАТО да бидат обединети и да се воздржат од меѓусебни провокации, смета канцеларот.
Изјавата следи откако претседателот Ердоган изјави дека Анкара повеќе нема да води разговори на високо ниво со Атина.
Соседите долго време се во конфликт за прашања како што се поморските граници, континентални појаси, воздушниот простор и етнички поделениот Кипар.
