Страшно полуфинале:Реал Мадрид-Баерн Минхен
„Немилосрдна„ беше раката на Луиш Фиго!.Славното португалско фудбалско име на извлекувањето на ждрепката во Нион одново ги насочи еден на друг Реал Мадрид и Баерн Минхен.Полуфинале на Лигата на шампионите од сништата со примеси на „финале пред финалето“!И премногу често низ фудбалската историја им се вкрстуваат патиштата на двата фудбалски гиганти. Ова ќе е дваесет и први пат откако се играат европските купови Реал Мадрид и Баерн Минхен меѓусебно да војуваат.

„Немилосрдна„ беше раката на Луиш Фиго!.Славното португалско фудбалско име на извлекувањето на ждрепката во Нион одново ги насочи еден на друг Реал Мадрид и Баерн Минхен.Полуфинале на Лигата на шампионите од сништата со примеси на „финале пред финалето“!И премногу често низ фудбалската историја им се вкрстуваат патиштата на двата фудбалски гиганти. Ова ќе е дваесет и први пат откако се играат европските купови Реал Мадрид и Баерн Минхен меѓусебно да војуваат. Шести пат во полуфиналето од Купот односно, Лигата на шампионите.Последениот и најдраматичен двобој го имаа во 2012 година кога по идентичните победи со 2:1, Баерн го доби пенал- рулетот за пробив во финалето.Ковењето на раскошната антологија од меѓусебните соочувања ќе продолжи на 23 април во Мадрид и на 30 април во Минхен.Второто полуфинале е Атлетико Мадрид- Челзи. Неодминливоќе е во мала сенка, иако нуди исто така голема привлечност и неизвесност.Покрај фајтерството и бескомпромисноста на теренот, посебна боја на овој дуел ќе му даде и „стратегиската битка“ на двајцата тренери! Прекалениот Жозе Мурињо предизвикан од гладниот за успех Диего Симеоне. Челзи сеуште го грее единствената титула извојувана во 2012 година, за разлика од Атлетико Мадрид чии припадници 40 години мечтаат за ново полуфинале од најелитниот европски куп.На „Винсенте Калдерон“ на 22 април ќе е првиот чин од големата претстава, а реваншот на 29 април на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.
И Лигата на Европа ги доби полуфиналните двојки.Шпанските репрезенти не можеа меѓусебно да се одминат. Својата голгетерска виртуозност од синоќешната ¼ финална рунда Севиља и Валенсија ќе ја насочат еден на друг. Состави кои што во душа се познаваат и со децении наназад му припаѓаат на најпрестижниот дел од шпанскиот фудбал. „Губитниците“ од Лигата на шампионите Бенфика и Јувентус на „споредниот“ колосек ја бркаат својата годинешна сатисфакција во Европа. Особено „Јуве“, чиј стадион ќе е поприште на финалето. Полуфиналните термини од Лигата на Европа се 24 април во Севиља и Лисабон, а реваншите на 1 мај во Валенсија и Торино.
