Европска Унија

Одобрен планот за закрепнување на Полска

02.06.2022 09:41

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во Варшава ќе го објави договорот, според кој Полска треба да добие 23,9 милијарди евра грантови и 11,5 милијарди евра евтини заеми за неколку години...

Европската комисија одобри милијарди евра средства за економско закрепнување од Ковид-19 за Полска, но парите нема да бидат дадени додека Варшава не направи реформи во судството.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во Варшава ќе го објави договорот, според кој Полска треба да добие 23,9 милијарди евра грантови и 11,5 милијарди евра евтини заеми за неколку години.

Во соопштението на Комисијата се вели дека Европската комисија дала позитивна оценка за планот за опоравување и отпорност на Полска.