САД

Пукање во болница во Оклахома

02.06.2022 09:44

Непознат напаѓач уби четири лица во болница во Тулса, Оклахома. Според информациите, напаѓачот најверојатно се самоубил. Тој бил вооружен со пушка и пиштол...

Непознат напаѓач уби четири лица во болница во Тулса, Оклахома. Според информациите, напаѓачот најверојатно се самоубил. Тој бил вооружен со пушка и пиштол. Претходно од полицијата беше соопштено дека во текот на попладневните часови интервенирала кога маж со пушка влегол во зградата на болницата.

„Сигурни сме дека се работи за самонанесена прострелна рана. Сцената е прилично ограничена на еден дел од тој кат. Полицајците испрашуваат сведоци кои беа низ зградата, а особено оние на вториот кат. Нема повредени полицајци“, Ерик Далглиш, полициски оддел во Тулса.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е известен за инцидентот кој се случува нешто повеќе од една седмица по масакрот во училиштето во Тексас.