Фенербахче Улкер ја доби турската пресметка со Анадолу Ефес

11.04.2014 13:49

Последното 14 коло од “Е“ групата во Топ 16 фазата донесе 3 дуели на екипи од исти земји. Иако претходно беа познати учесниците во четвртфиналето, битката за престиж донесе одлични натпревари на големите ривали. Најинтересно беше во Пиреја, каде што актуелниот шампион Олимпијакос го совлада Панатинаикос со 68:65 со тројка на Спанулис во последната секунда. Слукас и Данстон постигнаа по 12 поени кај победникот а Маврокефалидис 17 кај поразенит состав.

Последното 14 коло од “Е“ групата во Топ 16 фазата донесе 3 дуели на екипи од исти земји. Иако претходно беа познати учесниците во четвртфиналето, битката за престиж донесе одлични натпревари на големите ривали. Најинтересно беше во Пиреја, каде што актуелниот шампион Олимпијакос го совлада Панатинаикос со 68:65 со тројка на Спанулис во последната секунда. Слукас и Данстон постигнаа по 12 поени кај победникот а Маврокефалидис 17 кај поразенит состав. Со својата осма победа, клубот со кој Перо Антиќ двапати ја освои европската круна го обезбеди третото место, а Панатинаикос е четвртопласиран. Во Истанбул, Фенербахче Улкер го декласира Анадолу Ефес со 84 :65 во меч кој беше проштален за двата клуба од елитната лига. Бо Мекејлеб ираше помалку од 9 минути и постигна само 2 поена за победникот, во чии редови најефикасен беше Жорич со 20. Тоа беше шеста победа за Фенербахче Улкер, но доволно само за петтата позиција. Во екипата на Ефес Савановиќ постигна 21 поен, па сепак тие го претрпеа десеттиот пораз и завршија како последни во оваа фаза. Водечката Барселона загуби  во шпанскиот дуел со Лаборал 86:97. Фантастична вечер имаше Аргентинецот Носиони со 37 поени, а кај домаќините Наваро беше убедливо најдобар со 25 поени. Барса остана на првата позиција со 12 победи во 14 кола, додека Лаборал и покрај петтата победа, ги заврши натпреварите. Вечерва играат уште Уникаха Малага и Емпорио Армани кој ништо не решава, затоа што домашните одамна ги загубија шансите за прогрес, а Италијанците се сигурни на втората позиција.

Во “Ф“ групата Локомотив го совлада Баерн со 84:75 и дефинитивно го елиминира ривалот од борбата за четвртфиналето.  Браун и Симон придонесоа со по 18 поени кај Русите, а Џедовиќ беше најдобар со 16 поени кај Германците.Со седмата победа Локомотив ги задржа шансите за место во“плеј оф“ мечевите, но за да го задржат, вечерва треба Галатасарај да загуби дома од Партизан. Во дербито кое беше само за меѓусебен престиж, Макаби загуби од ЦСКА со 76:81. Рајс со 15 поени беше најефикасен кај Израелците, а Џексон кај гостите со 18 беше најзаслужен за победата, која беше 12 за Московјаните. Покрај споменатиот натпревар во Истанбул во кој Галатасарај ќе се бори за пласман мешу осумте најдобри, колото го заокружува мечот меѓу последнопласираниот Жалгирис и Реал Мадрид, кој со победа ќе се израмни на чело со ЦСКА Москва.