Стратешки дијалог

Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

02.06.2022 10:17

Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзиниот состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Дополнително, преку видео-на стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска...

Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон.

Ќе се разговара и за теми од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашања од областа на образованието, демократскиот развој и борбата против корупцијата.

Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзиниот состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Дополнително, преку видео-на стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.