МВР

182 санкции за брзо возење

02.06.2022 10:26

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 182 возачи...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 182 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од нив 41 на територија на СВР Скопје, 24 на територија на СВР Струмица, 22 на територија на СВР Битола, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.