Трајно решение за поплавите на улицата „Младинска“ во Струмица
Општинските власти најавија нов проект кој предвидува реконструкција на целата улица, со цел да ги заштитат граѓаните од штетите кои ги носи секој обилен дожд. Ќе се мапираат и узурпираните канали по земјоделските површини кои при секој дожд, струмичките ниви ги претвораат во оризово поле...

Ќе се најде ли соодветно решение, трајно да се минимализира ризикот од поплава на улицата „Младинска“ во Струмица која при секој обилен дожд е под вода, а куќите се поплавени. Мултисекторско тело, дронско снимање на учицата со цел мапирање на проблемот, но и изготвување проект за реконструкција на улицата најавуваат општинските власти.
Инженерите се веќе на терен се скенираат точките на нивелација, можноста за реконструкција, со цел функционалност на улицата, но и заштита на населението од можни нови поплави во нивните домови.
Во последното невреме не настрада само улицата „Младинска“, поплавени беа повеќе земјоделски површини од несовесното узурпирање од земјоделците на каналите низ струмичкото поле кои го попречуваат природниот тек на водата.
Општинските власти по формирањето на комисијата за проценка на штети ги повикува оштетените граѓани да поднесат барање за проценка на штетата.
Стојне Митева
