Свет

Патниците кои летаат за САД мора да се тестираат на Ковид-19

02.06.2022 11:24

Според одлуката на американската влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не. Правилото не важи за оние кои неодамна прележале Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба...

Сите патници кои сакаат да влезат во САД без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа.

Според одлуката на американската влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не. Правилото не важи за оние кои неодамна прележале Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба.

Правилата во меѓународниот авиосообраќај ќе се менуваат, само доколку здравствените и медицинските експерти проценат дека е потребно. Американските туристички компании се спротивставуваат на одлуката на владата и бараат укинување на задолжителното тестирање за целосно вакцинирани патници во авионите.

Авиокомпании, аеродроми, синџири на хотели и други претставници на американската туристичка индустрија минатиот месец испратија писмо до Белата куќа во кое предупредуваат дека рестриктивната мерка ќе предизвика значителни економски загуби. Во писмото се посочува и дека задолжителното тестирање не е во сила кога станува збор за копнените граници на САД со Канада и Мексико.