Воен конфликт

Британија испраќа ракетни системи во Украина

02.06.2022 12:08

Обединетото Кралство ќе испрати ракетни системи во Украина за да и помогне да се брани од Русија. Британија ќе испрати лансери М, што значително ќе ги зголеми М270 можностите на украинските сили. Потегот е координиран „со одлуката на САД да испратат високомобилен артилериски ракетен систем, варијанта на повеќе ракетни системи што ќе ги добие од Велика Британија.

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека околу 200.000 деца меѓу украинците, насилно биле однесени во Русија. Рече дека Украина ќе ги казни одговорните, но дека прво ќе и покаже на Русија на бојното поле дека „Украина не може да се освои“.

„Досега се депортирани повеќе од 200.000 украински деца. Вклучувајќи сирачиња од сиропиталишта, деца со родители и деца одвоени од нивните семејства. Руската држава ги растера овие луѓе на нејзината територијаНие мора да најдеме одговор и на овој предизвик и да се осигураме дека сите што убиле, мачеле или депортирале украинци ќе одговараат.“изјави Володимир Зеленскипретседател на Украина.

Руските трупи се на чекор до целосно освојување на источен Северодоњецк. Вашингтон, пак, предупредува дека конфликтот во Украина може да трае со месеци.

Русија тврди дека протокот на странски платеници во Украина е запрен.

„Протокот на странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во борбените активности против руските вооружени сили, е практично запрен од почетокот на мај. Според податоците што ги имаме, вкупниот број странски платеници е намален речиси двапати“, изјави Игор Конашенков • портпарол на руското министерство за одбрана

Русите погодија хемиска фабрика во градот Северодоњецк, во областа Луганск во Украина. На жителите им е кажано да останат во засолништата. 70 насто од градот е во рацете на руските сили. Освојувањето на овој град е приоритет за русите.

Марина Ристова