Приведени двајца дрвокрадци во виничко
На 01.06.2022, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од с. Градец, виничко. Во 19.30 часот на излезот од с. Градец, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“ кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација...

На 01.06.2022, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од с. Градец, виничко. Во 19.30 часот на излезот од с. Градец, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“, без регистарски таблички, управувано од малолетникот, а сопатник бил А.А., кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација.
Полициски службеници го одзеле возилото со дрвната маса за понатамошна постапка.
Запознаен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Виница и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
