Универзитетските професори излегоа на протест
Универзитетски професори денеска на предупредувачки протест пред ректоратот на УКИМ. Бараат да се да потпише колективниот договор со кој ќе се покачат платите. Во спротивно најавуваат бојкот на јунската сесија...

Автономија без достоинствени плати е илузија! Ваква порака на предупредувачкиот протест испратија универзитетските професори на УКИМ. Велат дека долго имале разбирање за економската состојба на државата, но трпението е при крај бидејќи најстариот универзитет според нив е заборавен и оставен да се бори за егзистенција. Синдикатот бара од спикерот Џафери и министерот Бесими да стават потпис на колективниот договор со кој ќе растат нивните плати, за кои велат дека се најниски во регионот.
На протестот на професорите се приклучи и ненаставниот кадар. Се пожалија на ниските примања, но и на децениска негрижата за вложување во науката.
Највисокото тело на УКИМ, Сенатот и ректорската управа дадоа поддршка за барањата на Синдикатот. Ректорот Јанкуловски вели дека се пратени дописи до Владата и Собранието на кое се укажува дека платите на Универзитетот се ниски.
Веќе три месеци откако Синдикатот на УКИМ и Собранието го усогласија текстот на новиот колективен договор, документот чека амин од Џафери и Бесими.
Доколку не се исполнат нивните барања, од Синдикатот најавија дека ќе одат на протест пред Владата, но не е исклучено да ја бојкотираат и јунската сесија.
Викторија Милевска
