Непознат напаѓач уби четири лица во болница во Оклахома
Напаѓач вооружен со пушка влетал в болница во Оклахома стрелајќи насекаде околу себе, а потоа се самоубил. 4 лица се убиени, има и повредени. За само една недела, втор крвав напад во САД...

Вооружен маж со пушка и пиштол отвори оган во болница во Тулса, Оклахома. Најмалку четири лица се убиени, а десетина повредени, соопшти полицијата. Напаѓачот на возраст меѓу 35 и 40 години се самоубил. Според властите, жртви се случајни минувачи во здравствениот дом, каде што бил сместен амбулантски хируршки центар и центар за здравје на дојка.
„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот. Сигурни сме напаѓачот се самоубил. Полицајците интервјуираат сведоци кои беа низ зградата, а особено оние на вториот кат. Овде нема повредени полицајци“, изјави Ерик Далглиш, заменик-началникот на полицискиот оддел во Тулса.
„Им се заблагодарувам на сите што навреме реагираа. Навремениот одговор е навистина важен“, изјави Д-р Клиф Робертсон, извршен директор на здравствениот дом Свети Франциско.
Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Увалде, Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители. И само две недели по масовното убиство во супермаркет во Бафало каде поради расистички мотиви беа убиени 10 лица.
„По инцидентот минатата недела и неделата пред пукањето во Тексас јас сум прилично вознемирен. Штом стигнав овде и се уверив дека мајка ми е добро, а напаѓачот застрелан се почувствував многу подобро. Ужасно е ова што се случува“, изјави Николас О’Брајан, локален жител.
Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата. На локалните власти им понудена сета потребна помош.
Маријана Димовска
