Медиумската писменост да се развива од најмала возраст
Студентите имаат познавања од медиумската писменост, но сепак потребна е дооедукација. Професори укажуваат, за справување со лажните вести, потребно е и развивање критичко мисење. За проектот „Младите размислуваат“ се обучени над 100 наставници од основните училишта, се работи и на прирачник...

Медиумската писменост не е непозната појава меѓу студентите, ја има, но сепак не е доволно. Потребни се промени и едукација. Ова го покажува анализата на студиските програми и ставовите на професорите и студентите. Сепак медиумската писменост во високото образование треба да е последната алка да систематски се вклучи медиумската писменост во образованието. Медиумска писменост треба да се развива од најрана возраст од прво одделение, па се до универзитет.
Преку проектот „Младите размислуваат“ обучени се преку 100 наставници, обучувачи во основното образование кои ќе ги обучуваат своите колеги. А, се работи и на прирачник за наставници.
Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, грантови добија четири високообразовни установи.
Согласни се дека, медиумската писменост не е само борба против лажните вести, таа е едно сериозно опширно поле во коешто се наоѓаат вештини и знаења за луѓето на аналитички еден критички начин да ги опсервираат содржините кои доаѓаат до нив преку медиумите и онлајн платформите.
Ана Јосифоска Тодоровска
