Судство

Унапредувањето на реформите во правосудството, за подобрување на ефикасноста на судскиот систем

02.06.2022 14:43

Судската област од регионот, на заедничка маса, ги споделија искуствата за унапредувањето на реформите во правосудството и за владеењето на правото преку конкретни случаи. За подобрување на ефикасноста на судскиот систем, со експерти ќе помага и Советот на Европа...

Континуираното зголемување на бројот на пресудите против Македонија во однос на повредата на правото на судење во разумен рок ги вклучи алармите. Врховен воспостави систем за да се покаже овој правен лек како ефикасно решение. Формирани се три совети, од кој еден жалбен. Ефикасен судски систем и враќање на довербата на граѓаните е приоритет за првиот судија на Врховен.

За подобрување на ефикасноста на судскиот систем, со експерти ќе помага и Советот на Европа. Целта е усогласување на домашното судство, согласно со стандардите на Европскиот суд за човекови права. Оттаму со апел-властите во секоја држава имаат одговорност кон заштитата на човековите права.

Судската област од регионот, на заедничка маса, ги споделија искуствата за унапредувањето на реформите во правосудството и за владеењето на правото преку конкретни случаи. Ваквиот пристап, според евроамбасадорот Гир е добредојден за спроведување на реформите.

 

Наташа Г. Петрушевска