Македонија

Изборот на уставни судии на дневен ред на собраниската комисија

02.06.2022 14:49

ВМРО-ДПМНЕ бара кандидатите лично да се претстават пред пратениците. Мнозинството го одби предлогот. Велат да се продолжи по старата практика, бидејќи за кандидатите ќе се дискутира и на пленарната седница. Левица поднесе нов предлог-закон за уставни судии...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на Комисијата за избори и именувања на која се утврдува предлог листата за избор на уставни судии, побараа јавно претставување на кандидатите за уставни судии. Од оваа партија објаснија, за да нема сомнеж во јавноста доколку бидат избрани. Но, парламентарното мнозинство го одби предлогот со образложение дека ниту во Деловникот, ниту пак во уставот не е презициран начинот на кој се избираат судиите во Комисијата. Од СДСМ упатија редици забелешки на кадровските решенија што се предложени од опозицијата.

Левица предложи да се донесе специјален закон за уставниот суд во кој подетално ќе се наведат образовните, стручните и научните квалификации за тоа кој и од која институција може да биде предложен за уставен судија.

Од владејачкото мнозинство се предложени тројца кандидати, меѓу кои и актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Опозицијата предложи шестмина кандидати, од кои и двајца професори на Правниот факултет, Саво Климовски и Родна Живковска. Доколку поминат предлозите во Комисијата, за избор на судија на пленарна позитивно треба да се изјасни мнозинство од најмалку 61 пратеник.

Игор Панов