Македонија

Бочварски: Нема кратење на средства за изградба на гасоводите

02.06.2022 15:03

Пред ребалансот на буџетот, Министерствата изготвија план за реалокација на средствата и намалување на непродуктивните трошоци. Министерот за транспорт и врски вели дека во време на енергетска криза вложувањата во гасоводите е приоритет...

Министерството за транспорт и врски заради актуелната економска криза, скрати од непродуктивните трошоци и средствата ги пренамени во капиталните проекти со кои полесно ќе ја надминеме кризата, вели министерот за транспорт и врски. Таков проект е изградбата на гасоводите, кој според Бочварски се одвива според планираното темпо. Магистралниот гасовод кон Битола е завршен, а напредуваат работите и на гасоводот кон Гостивар

Постапката за реализација на секундарната гасоводна мрежа во градовите ја води Министерството за економија.

Славица Величковска